![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/123-5-850x491.jpg)
Шамрок Роверс победи на гостински терен Молде со 1:0 во првиот меч од плејофите во Конференциската лига. Единствениот гол за Ирците го постигна младиот Мајкл Нунан, кој погоди во 57-та минута. Тинејџерот испиша историја, станувајќи најмладиот стрелец во историјата на европските клубски натпревари досега.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 42-та минута. Валдемар Лунд од Молде направи многу груб фаул токму против младиот Мајк Нунан. Во 57-та минута дојде и историскиот момент кога младиот играч го постигна единствениот гол, искористувајќи додавање од Дилан Вотс и погоди за 0:1.