Флуминенсе, еден од најпознатите бразилски клубови, минатата ноќ едвај обезбеди опстанок во Серија А победувајќи го Палмеирас со резултат 1:0 во последното коло на првенството.
Клубот заврши над зоната за испаѓање со четири бода повеќе од најзагрозениот тим, избегнувајќи деградација во понизок ранг на натпреварување.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
По натпреварот, вниманието на сите го привлече необичната сцена на стадионот Алијанц Парк во Сао Паоло. Легендарниот стопер Тијаго Силва, кој е на крајот на својата богата кариера, го помина целиот терен на колена, а на крајот со главата ја допре тревата, совладан од емоции.
Овој гест не беше случаен, туку исполнување на ветувањето што им го даде на навивачите – дека ќе го направи тоа ако Флуминенсе го обезбеди опстанокот.
Силва, кој се прослави со настапите за ПСЖ и Челзи, не можеше да го скрие разочарувањето што ваков голем клуб се најде во борба за гол опстанок.
Неговиот емотивен чин предизвика аплаузи и овации од навивачите, кои покажаа колку го ценат и почитуваат.
.THIAGO SILVA É REI! @tsilva3 pic.twitter.com/0WK970IZyB
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) 8. декември 2024