
Џанлука Престијани доби забрана за настап на натпреварот против Реал Мадрид. Иако е сè уште само во истрага за расни навреди кон Винициус Жуниор, УЕФА донесе одлука за суспензија на Аргентинецот за следниот натпревар со можност за дополнителна казна од 10 натпревари.
Бенфика веднаш реагираше. Испратено е писмо до УЕФА и се бара укинување на казната на нивниот фудбалер.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
„Укинете суспензијата или веднаш суспендирајте го и Килијан Мбапе“, е јасниот став на Бенфика кон европската фудбалска куќа.
Мбапе јавно на теренот го навредил Престијани. Го нарекол пе*ер и расист, а тоа целиот свет го виде на снимка.
Бенфика сега бара правда. Сакаат сите тимови да бидат третирани еднакво и барањето е казна за Мбапе или укинување на забраната за настап во реваншот кој е закажан за среда.
УЕФА го има последниот збор и реално тешко е за очекување дека барањето ќе биде уважено. Сепак, без оглед на тоа Престијани со остатокот од тимот ќе патува во Мадрид.
Реал од своја страна е одлучен да прибави докази за расизмот на аргентинскиот фудбалер. Прават апсолутно сè за младиот Аргентинец да биде жестоко казнет. Ќе видиме што на крајот ќе се случи.