
ЏОН ТЕРИ остро ја критикуваше репрезентацијата на Англија која ја избра селекторот Томас Тухел, тврдејќи дека речиси половина од 26-те играчи не ги исполнуваат потребните стандарди за настап на Светското првенство. Поранешниот капитен на „Трите лава“ верува дека германскиот стратег направил клучни грешки, оставaјќи неколку искусни sвезди дома пред турнирот во Северна Америка, пишува Goal.com.
Тери се сомнева во квалитетот на тимот
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако Тухел одлучи да не повика некои познати имиња, Тери ја изрази својата сериозна загриженост за неговиот избор. Целата репрезентација се собра во Соединетите Американски Држави, a тимот од 26 играчи е подготвен за натпреварувањето, откако четворица играчи на Арсенал – Букајо Сака, Деклан Рајс, Ебереџи Езе и Нони Мадуеке – добија дополнителен одмор по финалето на Лигата на шампионите.
Но, во интервју за Sports Uncensored, Тери изјави дека смета дека најмалку 11 од 26 играчи не треба да бидат на списокот доколку Англија сака да постигне успех ова лето. „Мора да ги имаме најдобрите играчи“, изјави Тери. „Само 13, 14 или 15 играчи може да ја носат играта ако сакаме да го освоиме Светското првенство. Кога го гледам остатокот од тимот, не сум сигурен дека тие ќе бидат поттик за првотимците.“
Познати имиња останаа дома
Списокот на Тухел предизвика многу дебати, а најголемо внимание привлече изоставувањето на Фил Фоден и Kол Палмер. Тери предупреди на можниот недостиг на искуство во сегашната репрезентација, каде има и дебитанти на големи натпреварувања, како што се Дан Бурн и Нико О’Рајли, и се запраша дали ќе чини националниот тим премногу да се потпира на тесно јадро од играчи.
„Пред се, јас многу го ценам Тухел“, рече Тери. „Видовме што направи во Челси, ни донесе и Лига на шампионите. Ми се допаѓа што не се плаши да донесува тешки одлуки, а тоа се гледа и по неговиот список. Но, токму со тие одлуки не се согласувам, односно со играчите кои не ги поведе на ова Светско првенство.“