Дома Фудбал Тен Хаг бара работа откако доби отказ од Јунајтед. Го посакува клуб од Бундеслигата?

Тен Хаг бара работа откако доби отказ од Јунајтед. Го посакува клуб од Бундеслигата?

Тимот во кој настапува Елиф Елмас, РБ Лајпциг е шест натпревари по ред без победа.

Во Бундеслигата забележа три порази и едно реми, додека во Лигата на шампионите загуби од Селтик и Интер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Инсајдерот Патрик Бергер пишува за можното отпуштање на тренерот Марко Розе (48), Германец кој го презеде Лајпциг во летото 2022 година и на 105 натпревари оствари 61 победа, 17 нерешени и 27 порази.

Бергер именува двајца кандидати кои Лајпциг би ги довел на клупата. Првиот е Роџер Шмит (57), но тешко дека поранешниот тренер на Бенфика, ПСВ, Баер Леверкузен и РБ Салцбург би прифатил на средина од сезоната по заминувањето од португалскиот клуб во август.

Лајпциг на листата на кандидати го додаде и Ерик тен Хаг (54), Холанѓанецот кој во октомври доби отказ од Манчестер Јунајтед. Тој раководеше со Го Ахед Иглс, вториот тим на Баерн, Утрехт и Ајакс пред да го преземе Јунајтед во 2022 година. На 128 натпревари имаше 78 победи, 20 нерешени и 36 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…