Дома Фудбал Taжна вест: Се самоуби поранешен српски репрезентативец

Taжна вест: Се самоуби поранешен српски репрезентативец

Поранешниот голман на фудбалскиот клуб Партизан, Радиша Илиќ, е пронајден мртов.

Како што пренесува порталот „Телеграф“, 47-годишниот Илиќ си извршил самоубиство скокајќи од тераса.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Тој бранел за црно-белите од Хумска во два наврати, првиот пат од 1998 до 2003 година, а потоа од 2010 до 2013 година.

Со Партизан освои пет титули на шампион на државата и два национални купа.

„Гробарите“ ќе го паметат како тивкиот, повлечен долгокос чувар на мрежата кој израсна во херој кога беше најпотребно.

Во летото 2010 година беше единствениот играч за кого Партизан плати обесштетување од 30.000 евра, и со тимот се пласираше во Лигата на шампионите.

Илиќ бранеше во текот на сите квалификации и беше дел од познатата серија пенали со Андерлехт во борбата за Лигата на шампионите, во која Белгијците промашија дури три удари од белата точка.

Имаше и еден настап за сениорската A репрезентација на Србија во 2008 година на пријателскиот натпревар со Македонија, во кој ја зачува мрежата пред да го замени Дамир Кахриман (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германска компанија влегува во Тиквеш, клубот добива финансиска инјекција од милион евра!

Екипата на Тиквеш во наредните недели би требало да ја финализира новата сопственичка стру…