Дома Фудбал Таткото на Јамал: Мојот син не покажа ни десет проценти од она што може

Таткото на Јамал: Мојот син не покажа ни десет проценти од она што може

Барселона и Интер одиграа 3:3 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите на Монжуик. И покрај тоа што Интер водеше со 2:0 и 3:2, Барселона ја надомести негативата и израмни. Возвратниот натпревар ќе се игра во вторник во Милано.

Во центарот на вниманието беше 17-годишниот Ламин Јамал, кој постигна гол по импресивно соло пробивање, а покрај тоа имаше две клучни додавања, 6/10 успешни дриблинзи и 8/14 освоени дуели. Јамал беше најдобриот играч на Барселона со оценка 8.5 на Sofascore.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Со голот стана најмладиот стрелец во историјата на полуфиналето на Лигата на шампионите, уривајќи го рекордот на Килијан Мбапе. Таткото на Јамал, Мунир Насрауи, изјави во емисијата El Chiringuita дека „син му не покажа ни десет проценти од она што може“ и дека „не сака да го споредува својот син со Меси, Пеле или Марадона, туку сака да биде пример во своето маало“. Насрауи исто така спомна дека не му се јасни навредите кои неговиот син наводно ги добива од Мадрид.

„Треба да му оддадеме признание на 17-годишен играч кој веќе има 100 настапи за Барселона. Треба да бидеме горди и да му честитаме, а не да го осудуваме затоа што игра за еден или друг тим. Жалосно е да се види како го критикуваат и навредуваат Ламин. Навивачите на Барса не навредуваат ниту еден млад играч на Реал или било кој друг клуб. Треба да ги почитувате сите млади таленти и да им помогнете за да станат уште подобри“, изјави Мунир Насрауи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од отпишан до МВП признание: Јовиќ стана најдобар играч во Милан

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е прогласен за играч на месецот во Милан. Се шпекулираше за з…