На 83-годишна возраст почина Сандро Мацола, една од најистакнатите фигури во историјата на милански Интер и италијанската репрезентација. Целата негова 17-годишна професионална кариера ја помина во еден клуб – Интер, за кој забележа 565 настапи и постигна 158 гола. Неговиот живот и кариера беа проткаени со големи фудбалски приказни и лична трагедија. Кога имаше само шест години, неговиот татко Валентино …