Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одиграа нерешено 1-1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано. Ова беше седми последователен натпревар на кој „лилјаците“ не го почувствуваа вкусот на поразот, серија која започна по поразот од Атлетико Мадрид на 2 март. Денешниот натпревар на „Ваљекас“ понуди изедначена борба на теренот, со резултат кој најверојатно ги задоволи и …