Eкипата на Гостивар денеска го потврди најавениот трансфер на Шкотланѓанецот, Ли Ервинг. Станува збор за напаѓач кој според „Трансфермаркт“ има вредност од 700.000 евра, а во кариерата го носеше дресот и на Лидс. Ервинг има 30 години и во Гостивар очекуваат да биде големо засилување за вториот дел од сезоната во кој имаат големи амбиции.