Кошаркарите на МЗТ Скопје го остварија и третиот триумф против Феникс (84-62) со што се пласираа во полуфиналето на македонската Прва лига. Екипата од Аеродром имаше одличен почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 23-12, по што продолжи да доминира до крајот на првото полувреме (48-28). Феникс не успеа да се врати во вториот дел и да му …