Фудбалерите на Силекс без многу драма ја потврдија фаворитската улога и со сигурна победа од 0-3 (0-1) над Детонит Плачковица обезбедија место во полуфиналето на Куп на Македонија. Второлигашот формално беше домаќин во Кратово, но на теренот разликата во квалитет беше очигледна. Уште од првите минути кратовчани го наметнаа својот ритам и ја презедоа иницијативата, додека радовишани се фокусираа на …