По три последователни лигашки натпревари без победа, фудбалерите на Барселона вчера со 5:1 славеа на гостувањето против Мајорка. Ако ги гледаме само натпреварите во шпанското првенство, ова беше прва победа на Барса после еден месец. За прекин на негативната серија на Барселона најзаслужен беше двојниот стрелец Рафинња, додека по еден гол постигнаа Феран Торес, Френки де Јонг и Пау Виктор. …