Eкипата на Еурофарм Пелистер потврди дека ја прифаќа оставката на тренерот Бранислав Ангеловски кој одлучи да си замине по поразот од Алкалоид. На клупата како привремено решение се враќа Звонко Шундовски. „РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол …