УЕФА во соработка со „Адидас“ ја претстави топката за Европското првенство 2024 година во Германија. Топката го носи името „Фусбаллибе“ или преведено на македонски „фудбалска љубов“. Дизајнот е модерен со ненаметливо присуство на германското знам. Исто така на површината се испишани имињата на десетте града домаќини. Европското првенство е планирано да се одржи од 14. јуни до 14. јули.