Боб Сап после половина година повторно се најде во рингот, но овој пат не се прослави! Имено, во мечот во Измир против домашниот кик-боксер Селчук Устабаси, легендарниот Американец падна во првата рунда. Медиумите шпекулираат дека Сап само барал прилика да падне и да ја предаде борбата. Поради тоа после овој пораз 44-годишниот Американец беше испратен со свирежи од публиката.