Шпанија вчера со 2:1 ја победи Италија во полуфиналето од Лигата на Нации, двата гола за Шпанците беа дело на 21-годишниот Феран Торес. Меѓутоа водителката на РАИ го помеша Феран Торес со славниот Фернандо Торес кој инаку веќе три години е во пензија. Во извештајот за натпреварот таа прочита дека Шпанија ја победила Италија со двата гола на Фернандо Торес. …