Дома Останати Ракомет Србите не се откажуваат: Ќе бараат вајлд-карта за да играат на Светско првенство!

Србите не се откажуваат: Ќе бараат вајлд-карта за да играат на Светско првенство!

Србија беше блиску да приреди изненадување во баражот и со поразот по првиот натпревар да ја елиминира Шпанија, но не успеа.

Победија Србите на свој терен со 25:22, меѓутоа тоа не беше доволно за пласман на Мундијалот затоаш то на 8. мај во Шпанија беа поразени со 32:28. Во Србија посебно жалат затоа што имаа напад да победат со четири гола и тоа ќе значеше дека ќе се изведуваат седмерци кадеш то се ќе беше можно.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во Србија веднаш по натпреварот најавија дека ќе бараат вајлд-карта затоа што според прикажаното веруваат дека заслужиле да бидат помеѓу најдобрите светски селекции.

„Ракометарите со својата игра и со победата покажаа дека заслужуваат да бидат помеѓу најдобрите, а во такво нешто верува и Ракометниот сојуз на Србија. Поради тоа веднаш ќе испратиме барање за вајлд-карта до Светската ракометна федерација“, стои во соопштението.

Мундијалот ќе се одржува од 14. јануари до 2. февруари 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…