Денес требаше да започне продажбата на билети за плеј-оф натпреварот помеѓу Македонија и Косово, но тоа не се случи. Продажбата е одложена поради најавите дека е можно дуелот да се презакаже поради коронавирусот кој се шири во Европа. ФФМ донесе одлука да ја одложи продажбата додека не се донесе конечна одлука дали натпреварите воопшто ќе се играат на тој датум. …