Утре ќе биде одржан состанок на кој ќе се разговара за многу теми кои се поврзани со фудбалот.
Ќе се разговара за финалниот турнир во Лигата на шампионите квалификациските натпревари за европските натпреварувања следната сезона, а и за полуфиналето од Лигата Нации кое е бараж за Европското првенство наредната година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Скај Спорт“ веќе го најавува планот на УЕФА за бараж средбите од Лигата на Нации. Во баражот кој треба да се игра во Скопје Македонија ќе биде домаќин на Косово и тој натпревар многу веројатно ќе се игра во октомври или ноември.
Тогаш ќе биде закажана интернационалната пауза на која ќе се соберат репрезентациите.