Дома Фудбал Репрезентации Maкедонија – Косово уште еднаш се одложува и ќе се игра без публика?

Maкедонија – Косово уште еднаш се одложува и ќе се игра без публика?

Многу работи се променија околу натпреварот од Лигата на Нации кој е и бараж за пласман на Европското првенство кое место ова лето ќе се игра наредното.

Според првиот план овој натпревар како и останататите бараж натпревари требаше да се играат кон крајот на март меѓутоа поради пандемијата со коронавирусот ќе се одиграат во друг термин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА прво баржот го одложи за јуни, потоа на последната конференција е одлучено сите репрезентативни натпревари да се пролонгираат за септември. Сепак, сега може да дојде до ново одложување.

Имено, реномираниот „Дејли Мејл“ пишува дека баражот сега ќе биде закажан за октомври или ноември и тоа ќе се игра без публика.

Со оглед дека новата сезона би требало да започне во септември одредени репрезентации од 16 учесници во плеј-офот побараа нивните први натпревари во новата натпреварувачка година да не бидат оние од баражот.

Поради тоа УЕФА седнала да пронајде нови термини и изгледа сега октомври или ноември ќе биде терминот за одигрување овие натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…