На денешниот состанок УЕФА покрај одлуката за завршницата на ЛШ и ЛЕ (тука) донесе и одлука за бараж натпреварите од Лигата на Нации.
Македонија натпреварот против Косово требаше да го одигра во март, но тој неколку пати се одложи поради коронавирусот, сега има донесено нов датум – 8. октомври!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот требаше да се одигра на 26. март, потоа терминот беше јуни, а откако немаше можност УЕФА одреди и трет датум. Донесена е одлука и за финалето. Ако го поминеме Косово за пласман на Европското првенство против Грузија или Белорусија на гости ќе играме на 12. ноември.
Новите одлуки ги соопшти Џорџо Маркети, првиот човек на натпреварувачката комисија на УЕФА.