Денес беше одржан нов состанок на претставниците на УЕФА со генералните секретари на европските фудбалски сојузи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На состанокот помеѓу останатото се зборуваше за потенцијалното одигрувањето на полуфиналето и финалето во баражот за Европското првенство кое е одложено за 2021 година. Тука секако е и натпреварот помеѓу Македонија и Косово кој требаше да се одигра на 26. март.
Според она што го пишуваат медиумите има три опции за одигрување на полуфиналето и финалето.
Првото сценарио е натпреварите да се одиграат во септември и октомври, второто е октомври и ноември и третото само во ноември.
Ќе потсетиме Македонија и Косово треба да играат во Скопје, додека во второто полуфинале се среќаваат Белорусија и Грузија и финалето ќе се игра на теренот на победникот од тој натпревар.