Исланд оствари историски резултат и остана непоразен против фаворизираната Аргентина, а херој беше голманот Халдерсон кој му одбрани пенал на Меси. Ханес Тор Халдерсон после натпреварот го откри рецептот како се брани пенал против еден од најдобрите фудбалери на светот. „За мене беше вистински сон да го одбранам тој пенал, посебно што ни донесе бод и што не загубивме, па …