Дома Фудбал Клоп со интересен одговор: Германија, Англија, па – Исланд!

Клоп со интересен одговор: Германија, Англија, па – Исланд!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на последната конференција кратко проговори и за Светското првенство кое ќе се одигра ова лето во Русија.

Клоп секако ќе навива за својата Германија, но откри и дека има симпатии кон Англија, негов трет фаворит е – Исланд.

„Минатата година бев на Исланд на зимски одмор и можам да ви кажам дека тоа беше моето најдобро искуство во животот. Не можам да верувам дека една толку мала земја со толку мал број на жители направи таков успех. Исланд е исклучително талентирана земја, успешни се и во други спортови, а исто така имаат одлични доктори и слично“.

„Ќе навивам за Германија и за Англија, но ако тие не можат да го освојат нека го освои Исланд. Тоа би била најголемата спортска приказна во историјата“, заврши Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…