Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Голманот на Исланд открива: Знаев каде ќе шутира Меси!

Голманот на Исланд открива: Знаев каде ќе шутира Меси!

Исланд оствари историски резултат и остана непоразен против фаворизираната Аргентина, а херој беше голманот Халдерсон кој му одбрани пенал на Меси.

Ханес Тор Халдерсон после натпреварот го откри рецептот како се брани пенал против еден од најдобрите фудбалери на светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За мене беше вистински сон да го одбранам тој пенал, посебно што ни донесе бод и што не загубивме, па сега имаме свои шанси да ја минеме групата. Добро си ја завршив домашната задача, гледав многу видеа како Меси изведува пенали. Имав добро претчувство дека ќе ја избере баш таа страна“, изјави Халдерсон.

Голманот на дански Рандерс во слободно време работи како режисер. Пред шест години го режираше спотот за песната со која Исланд настапи на Евровизија, а во пресрет на ова СП ја режираше и фантастичната реклама за Кока-Кола инспирирана од култниот исландски викиншки поздрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …