Aргентинскиот голман, Емилијано Мартинез вчера во победата против Парагвај од 1:0 уште еднаш ја сочува својата мрежа и така постави национален рекорд. Последен пат кога Мартинез беше совладан беше во финалето на Светското првенство против Франција. Од финалето, Мартинез е веќе 622 минути без примен гол. Тој така стана аргентинскиот голман со најдолг период без примен гол во националниот дрес. …
