Дома Фудбал Репрезентации Фукционерот кој побара Меси да се извини, експресно доби – отказ!

Фукционерот кој побара Меси да се извини, експресно доби – отказ!

Поради расистичкиот скандал на прославата на аргентинската фудбалска репрезентација по повод освојувањето на титулата на Копа Америка, настанаа превирања на политичката сцена во оваа јужноамериканска земја.

Имено, откако некои фудбалери на прославата пееја расистичка песна за француските фудбалери, алудирајќи на нивното африканско потекло, член на администрацијата на претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, испратил барање Лионел Меси како капитен да и се извини на јавноста.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Станува збор за Хулио Гаро, кој ја извршуваше функцијата заменик-секретар за спортски прашања, а наместо извинување на Меси, доби отказ.

Како што беше соопштено, кабинетот на претседателот Милеи одлучил Гаро да биде разрешен од споменатата функција.

„Кабинетот на претседателот известува дека ниту една влада не може да и каже на аргентинската репрезентација што да коментира, мисли или прави. Тоа не можеме да му го кажеме на светскиот и континенталниот шампион, ниту на кој било друг граѓанин. Поради оваа причина, Хулио Гаро повеќе не е заменик-секретарот за спорт на нацијата“, соопштија од претседателскиот кабинет.

„Тие играат за Франција, но нивните родители се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, а татко им е од Нигерија. Во нивниот пасош пишува Франција“, пееја аргентинските фудбалери.

Тоа се случи на шампионската парада на Аргентинците со отворениот автобус, а Меси воопшто не беше присутен во тие моменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…