Лионел Меси би можел да имa бурно лето.
Аргентина учествува на Копа Америка и ја брани титулата од 2021 година, а турнирот е закажан од 20 јуни до 14 јули.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентина е во група со Канада, Чиле и Перу и јасно е дека е голем фаворит, а Меси секако ќе биде капитен и најголемата закана за противниците. Но според последните информации Меси планира и да го предводи олимпискиот тим летово на Олимписките игри во Париз.
Интересно е тоа што Меси веќе ги освои Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, кога Аргентина во финалето ја победи Нигерија со голот на Анхел Ди Марија.
Оттогаш, Меси учествуваше на сите големи турнири, но не и на Олимписките игри.
На овој начин Меси би се вратил во Париз, каде што мина две сезони играјќи за ПСЖ, а сигурно е дека Олимписките игри би можеле да се неговиот последен голем турнир за репрезентацијата, бидејќи засега е неизвесно дали ќе игра на Мундијалот во 2026 година.
Исто така, јасно е дека Меси нема толку тешки клупски обврски како што имаше во Европа и Интер Мајами нема да му прави проблем доколку сака да настапи на Олимписките игри во Париз.
Единствениот проблем е што Меси не би се одморил, ОИ се закажани веднаш по Копа Америка, од 26 јули до 11 август.