Дома Фудбал Останато Taткото на Кавани: На Еди му кажав дека со ПСЖ нема да ја освои ЛШ, парите не победуваат

Taткото на Кавани: На Еди му кажав дека со ПСЖ нема да ја освои ЛШ, парите не победуваат

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани многу веројатно ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, а можеби и уште во јануарскиот преоден рок.

Кавани уште во јануари може да преговара со заинтересираните клубови. Во моментите кога се пишува за иднината на напаѓачот се огласи таткото на фудбалерот кој откри дека кога Кавани заминувал од Наполи во ПСЖ му дал еден совет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој совет од денешната преспектива, барем до сега е точна прогноза.

„Кавани многу често знае дека ми каже дека секогаш гледам од негативната страна. Кога заминуваше од Наполи во ПСЖ му кажав дека ќе освои се во Франција, но дека нема да ја освои Лигата на шампионите. Парите имаат значење, но во фудбалот не победуваат секогаш“, изјави Луис Кавани.

Од 2013 до денес се случи баш така, Кавани освои се во Франција и тоа повеќе пати, но кога е Лигата на шампионите не беше ниту блиску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…