Дома Бокс Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Мајк Тајсон минатиот месец се бореше во својот прв професионален меч по речиси 20 години. Колку и да фасцинираше со одличната форма и физичката трансформација што ја покажа на снимките од тренинзите, толку разочара со непрепознатливо очајна изведба во рингот. Џејк Пол (27), јутјубер и инфлуенсер, го победи Тајсон со одлука на судиите по осум рунди.

Еден од најголемите боксери на сите времиња сега откри: „Не се сеќавам баш на борбата. Малку се онесвестив. Се сеќавам на почетокот на втората рунда, Џејк нешто правеше… (Пол тогаш се поклони на Тајсон), не разбрав точно што. Тоа е последниот настан од борбата што го паметам.”

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тајсон додаде кои се неговите единствени спомени од борбата: „Не се сеќавам колку беа силни ударите на Џејк. Но целото тело ме болеше по борбата. Градите ми беа многу воспалени, чувствував и болка во стомакот. Ѝ реков на жена ми кога се разбудив утрото по борбата: „Зошто се борев?’ Не знам што се случуваше.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Усик планира до крајот на кариерата да се бори уште три пати, ова се планираните противници

Украинскиот боксер и шампион во тешка категорија, Олександр Усик, откри дека неговата голе…