Дома Фудбал Лига на шампиони Taдиќ го сруши европскиот шампион, па направи потег со кој ги воодушеви навивачите (ФОТО)

Taдиќ го сруши европскиот шампион, па направи потег со кој ги воодушеви навивачите (ФОТО)

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ вчера го одигра најдобриот натпревар во кариерата и го урна европскиот шампион Реал Мадрид.

Тадиќ ги излудуваше фудбалерите на „кралевите“ со мајстории во стилот на Зинедин Зидан. После натпреварот и самиот откри дека негов идол од детството е францускиот фудбалер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Во фудбалот најважно е да се опуштите и да уживате. Кога во прашање се потезите, Зинедин Зидан секогаш бил мојот омилен фудбалер. Можеби сум гледал премногу негови клипови“, гласеше изјавата на српскиот фудбалер после натпреварот.

Тадиќ вчера покажа и големина надвор од теренот. Имено, иако вообичаено е фудбалерите после еден ваков неверојатен настап дресот да го чуваат за себе, Тадиќ се одлучи да направи нешто поинакво.

Имено, дресот со кој го сруши европскиот шампион во натпреваротво кој запиша две асистенции и еден гол го подари на навивачите на Војводина. Со ваквиот потег секако дека ги воодушеви навивачите на овој клуб.

Тадиќ вчера стана и само вториот играч во историјата на овој клуб на кого му успеало да постигне шест гла во Лигатан на шампионите. Првиот и последен беше легендарниот фински фудбалер, Јари Литманен во сезоните 1994/95 и 1995/96. Литманен беше единствен се до вчерашната магична вечер за српскиот фудбалер.

Меѓутоа Србинот ќе има уште најмалку 180 минути да избие сам на оваа листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето …