Дома Фудбал Англија Tухел соопшти убави вести за навивачите: Да точно е, преговараме во моментов

Tухел соопшти убави вести за навивачите: Да точно е, преговараме во моментов

Германскиот тренер Томас Тухел даде изјава за англиските медиуми во која потврди дека води преговори со Челси за продолжување на договорот.

Откако во претходните денови се појавија шпекулации за тоа дека ќе потпише нов договор со клубот, Германецот реши да им потврди на новинарите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Точно е, во моментов водиме преговори. Моите луѓе разговараат со газдите на клубот и се грижат за мојата иднина. Мило ми е што сум тука и сакам да останам во клубот“, кажа Тухел.

Тухел го крена клубот на повисоко ниво и веќе ги освои Лигата на шампиони (ЛШ), европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, а сезонава ќе ги нападне и останатите трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…