Од денес повеќе нема дилеми, фудбалерот кој се поврузваше со бројни европски клубови потврди дека го напушта Лацио.
Како што потврди самиот Стефан Де Вриј, ова е негова последна сезона во дресот на Лацио. Италијанскиот клуб до крајот на сезоната ќе смета на услугите на Холанѓанецот, а фудбалерот жали што не успеале да постигнат договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Вриј преку својот Инстаграм профил им се обрати на навивачите на Лацио.
„Ова беше тежок период за мене, преполн со различни шпекулации за мојата иднина и дојдовме до точка која никој не ја посакуваше. За жал не постигнавме договор. Го разбирам разочарувањето на навивачите и ме боли што мора да заминам на ваков начин. Секогаш ќе бидам благодарен на Лацио и неговите навивачи кои секогаш ме поддржуваа“, гласеше пораката на Де Вриј.
Претходно овој фудбалер беше поврзуван со Интер, Јувентус, Наполи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, ПСЖ, Барселона…