Дома Фудбал Останато Tренерот на Ајакс за суровата реалност: Би сакал сите да останат, но тоа е само фантазија

Tренерот на Ајакс за суровата реалност: Би сакал сите да останат, но тоа е само фантазија

ajax

Холандскиот гигант Ајакс е тема на денот во сите европски спортски медиуми.

Екипата од Амстердам вчера во Мадрид го декласираше Реал со 1:4 и на тој начин се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пласманот помеѓу осумте најдобри тимови во Европа Ајакс го обезбеди за прв после 16 години (како изгледаше тимот пред 16 години – тука) и тоа со играчи кои поголемиот дел се во раните 20-ти години.

Голем број играчи кои вчера беа на теренот наредната сезона повеќе нема да играат за Ајакс. Некои веќе ги договорија своите трансфери, други допрва треба да ги реализираат, па холандскиот тим наредната сезона ќе има целосно поинаков ростер.

Френки Де Јонг веќе потпиша договор со Барселона. За 21 годишниот фудбалер Барселона на Ајакс му плати сума од 75 милиони евра, плус 11 како бонуси. По неговите стапки ќе тргне стоперот Матијас Де Лихт. Овој 19 годишник се поврзува со голем број европски гиганти. Го сакаат Јувентус, Баерн, Барселона, ПСЖ…

Покрај овие два „бисери“ и за останатите играчи има голем интерес. Дони Ван Де Бек привлече големо внимание, како и Хаким Зијеш кој минатото лето беше на чекор од заминување, но сепак остана и времето покажа дека направи добар избор.

tenhag

„Сакаме да ги достигнеме нашите цели. Мораме да си поставиме една табела според која ќе напредуваме. Би сакал кога би можеле да ги задржиме сите играчи во клубот, меѓутоа тоа е само една фантазија“, изјави тренерот на клубот од Амстерам Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Убава приказна од Италија: Фабрегас со Комо пред промоција во Серија А!

Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот р…