Дома Топ вести Tрансфери во живо: Стигна понудата за Обамејанг, Барса НЕ го контактирала Гризман, Јунајтед и ПСЖ во битка за ветеран…

Tрансфери во живо: Стигна понудата за Обамејанг, Барса НЕ го контактирала Гризман, Јунајтед и ПСЖ во битка за ветеран…

И во текот на зимскиот преоден рок нашата редакција правовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер новости. БИДЕТЕ СО СПОРТСКИ И БИДЕТЕ ВО ТЕК…

– Алексис Санчез го напуштил хотелот во кој се наоѓале фудбалерите на Арсенал и се очекува до крајот на денот пристигне на прегледи во Манчестер. (ОВДЕ)

– Манчестер Сити ќе го награди Кевин Де Брујн со нов договор. „Граѓаните“ се спремни да му понудат договор на шест години со плата од 260.000 фунти по сезона. (ОВДЕ)

– Лукаш Моура кој беше на мета на Манчестер Јунајтед сега би можел да заврши во Тотенхем, поради откажувањето на „ѓаволите“ од намерата да го доведат во своите редови. (ОВДЕ)

– Како што дознава реномираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, Един Џеко се согласил да премине во редовите на Челзи. (ОВДЕ)

– Во Бешикташ, некого чекаат! Медимуте шпекулираат дека станува збор за Хавиер Ернандез Чичарито.

– Според голем дел од медиумите ПСЖ е спремен да го доведе Пеп Гвардиола и за тоа се очекува да му понудат бланко чек (ОВДЕ)

– Јирген Клоп би можел во следниот период да испрати понуда од 32 милиони евра за услугите на Марсело Брозовиќ од Интер (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Барселона, Рафиња се очекува да го засили Интер до крајот на овој месец.

– Интересно, по ПСЖ изгледа дека и Манчестер Јунајтед има намера да го доведе ветеранот од средината на теренот кој во овој момент е без клуб, Ласана Диара, пренесува „Ла Парисиен“.

– Борусија Дортмунд како замена за Обамејанг би можела да го доведе фудбалерот на Сампдорија, Дуван Запата. (ОВДЕ)

– Барселона излезе во јавноста со официјално соопштение во кое ги демантираше информациите кои ја поврзуваат со Антоан Гризман (ОВДЕ)

– Челзи ја разгледува можноста за позајмица на Кристијан Бентеке од Кристал Палас на позајмица до крајот на сезоната.

– Ливерпул се засили со 18 годишниот Колимбиец, Андерсон Аројо кој игра на позицијата лев бек (ОВДЕ)

– Како што дознава германски „Кикер“, Арсенал испратил официјална понуда до Борусија Дортмунд за Пјер-Емерик Обамејанг во висина од 50 милиони евра. (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…