Дома Фудбал Останато „Светците“ немаат лимит: ПСЖ му нуди бланко чек на Пеп Гвардиола?!

„Светците“ немаат лимит: ПСЖ му нуди бланко чек на Пеп Гвардиола?!

Иако ПСЖ доминира во француското првенство и е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампиони катарските шеиците сметаат дека промените се неопходони.

Минатото лето потрошија 222 милиони за Нејмар, а во текот на следното лето имаат намера да направат промена на клупата. Унаи Емери изгледа одлично го сложи пеколното трио Нејмар-Мбапе-Кавани, но тоа изгледа не е доволно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањето на француските медиуми, ПСЖ по секоја цена сака да го види Пеп Гвардиола на нивната клупа и поради тоа се спремни дека понудат бланко чек.

Познато е дека Гвардиола нема намера долг период да се задржува во Сити, посебно не ако оваа сезона не го направи она за што е доведен, а тоа е да ја освои Лигата на шампионите. До сега Пеп тоа два пати го направи со Барселона, а со Баерн на три пати беше исфрлуван во полуфиналето.

Со Сити оваа сезона ќе ја освои титулата во Англија, но во Лигата на шампионите ќе има тешка задачата. Притисокот на него оваа сезона е навистина  голем. Неговиот тим игра фантастично во Преиер лигата, но јавна тајна е дека шеиците ги интересира само Лигата на шампионите.

Гвардиола минатото лето потроши 250 милиони евра и тоа само на бекови, има пари колку што сака, но мора клубот да го искачи на кровот на Европа. Доколку не успее во тоа оваа сезона, Англичаните тврдат дека не е невозможно да ја прифати големата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…