Иако оваа сезона започна само седум натпревари во првиот состав на Интер, Марсело Брозовиќ е мета на многу европски клубови.
Заинтересирана за него е Валенсија, исто и Тотенхем, но најреален е неговиот трансфер во Ливерпул, пишуваат англиските медиуми. Јирген Клоп хрватскиот репрезентативец го гледа како идеална замена за Емре Чан кој на лето речиси сигурно ќе си оди во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клоп уште оваа зима би го довел Брозовиќ за што подобро да се вклопи во екипата за следната сезона, а за него е спремен да плати 32 милиони евра. Германецот се надева на традиционалите односи на Ливерпул и Интер. Интер се распрашува за позајмица на Даниел Стариџ, а Ливерпул наводно направил првични проговори за евентуалниот трансфер на Брозовиќ.
Брозовиќ во Интер пристигна во јули 2016. година од Динамо за осум милиони евра, а во 95 настапи за миланскиот клуб постигна 11 гола и запиша 17 асистенции.
Liverpool are setting their sights on Inter Milan midfielder Marcelo Brozovic. #LFC
By @ZAC_AE https://t.co/0sTNRSKSnA
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) January 18, 2018