Tрансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед е само прашање на време и тоа е јасно.
„Дејли Мирор“ како последна информација најавува дека Санчез до крајот на денот ќе ги заврши медицинските прегледи во Манчестер и ќе потпише договор со „ѓаволите“.
BREAKING: Alexis Sánchez is set to have his Manchester United medical today after a dramatic breakthrough in negotiations late last night. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/iRFmF0b9gU
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 20, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што дознава „Мирор“ Санчез во текот на изминатата вечер го напуштил хотелот каде што се наоѓале фудбалерите на Арсенал со цел да го заврши трансферот во Манчестер Јунајтед.
Од друга страна, во спротивен правец се очекува истото да го направи и Михтаријан кој во текот на вчерашниот ден се збогуваше со соиграчите од Јунајтед и беше изоставен од тимот на „ѓаволите“ за натпреварот овој викенд.