Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните настапи пред крајот на оваа календарска година и го освои ИТФ трофејот во Мадрид.
Во финалето Ивановски беше подобар од Британецот, Марк Вајтхаус со 2:0 во сетови. Првиот сет Калин го доби 6:4 со еден брејк, додека во вториот беше многу повеќе доминантен и не дозволи на противникот да се врати во игра. Вториот сет го доби со 6:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако Вајтхаус имаше подобар рејтинг за 50 позиции од Калин сепак на крајот македонскиот тенисер се радуваше на трофејот кој е трет во неговата кариера.