Дома Фудбал Tренерот на хит тимот во Шпанија: Сумата која Реал ја плати Белингам е нашиот буџет за две години

Tренерот на хит тимот во Шпанија: Сумата која Реал ја плати Белингам е нашиот буџет за две години

Tимот на Жирона е вистински хит во Шпанија затоа што по седум кола тие се лидери во Ла Лига со 19 освоени бодови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера славеа против Виљареал на гости со 2:1 и по седмото коло имаат бод повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Веќе во сабота Жирона ја очекува натпревар против „кралевите“.

Пред дуелот на овие две екипи, тренерот на Жирона, Мичел истакна дека ужива во овие моменти со својот тим.

„Секако дека е убаво да се биде на врвот. Горд сум на клубот и моите играчи Кога во прашање е Реал за викендот, можам да кажам само дека сумата која ја платија за Белингам е нашиот буџет за две години“, изјави Мичел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…