Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдињо му се враќа на фудбалот, Несторовоски се договори, Неапол најавува прегледи на Елмас

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдињо му се враќа на фудбалот, Несторовоски се договори, Неапол најавува прегледи на Елмас

Заврши сагата со Гризман, заврши сагата со Де Лихт, а до крајот на преодниот рок изгледа најмногу ќе се пишува за Нејмар. Бидете во тек и следете се што се случува на трансфер пазарот.

– ОФИЦИЈАЛНО: Откако вчера ги помина леркарските прегледи, Јувентус објави дека Де Лихт потпишал договор. (ОВДЕ)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– ЗАПОЧНУВА АУКЦИЈА! Лотито повеќе не му брани на Савиќ да замине! (ОВДЕ)

– Готово: Марио Хермосо ги помина лекарските прегледи со Атлетико Мадрид. Еспањол ќе добие 40 милиони евра.

– Милан преговара со Де Рон од Аталанта и Мемфис Депај! (ОВДЕ)

– Официјално: ПСЖ го продаде Кристорфе Нкунку на Лајпциг по формула 13+2 милиони евра.

– Од утрово на големо се пишува за состанокот на таткото на Нејмар кој ќе го има со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи (ОВДЕ).

– „Л“Екип“ објави дека Лил добил три официјални понуди за Николас Пепе во износ од 80 милиони евра од Интер, Арсенал и Ливерпул. На Пепе останува да избере (ОВДЕ)

Заниоло е спремен дресот на Рома да го замени со Тотехем, а познатиот италијански новинар, Алфредо Педула тврди дека во оваа зделка ќе биде вклучен Тоби Алдервилд.

Набил Фекир има постигнато договор со Бетис и се чека само шпанскиот клуб да го продаде Џовани Ло Селсо за работата да биде завршена. Фекир се согласил да потпише договор на пет години.

– Еве информација и за Елмас од Италија! Лекарските прегледи на македонскиот фудбалер според голем број извори од Неапол се закажани за во сабота. Елмас како што е познато со овој трансфер ќе стане најскапиот македонски фудбалае (16-18 милиони евра).

Клоп најави дека Ливерпул нема да троши: Не сме ние Манчестер Сити и ПСЖ! (ОВДЕ)

– Лампард за Калум Хадсон Одои: Разговоравме, тој ги знае моите планови и знае дека сакам да биде клучна фигура во иднина.

– Прва изјава на Де Лихт како фудбалер на Јувентус: Секогаш сум бил фасциниран од италијанската уметност во одбраната. Многу од играчите со кои растев и беа мои пример се Италијанци: Малдини, Барези, Неста, Канаваро, Ширеа…Можам уште многу да набројувам. Се вљубови во играта во одбрана на италијанските клубови.

Роналдињо се враќа и после четири години повторно ќе игра фудбал! (ОВДЕ)

– „Парисиен“ пишува надополнување на веста за Нејмар. Бразилецот се врати на тренинзите, но тоа не значи дека ќе остане во ПСЖ, наводно тој сака работата да биде завршена во следните две-три недели.

– Несторовски три години во Удинезе! (ОВДЕ)

– Официјално: Марио Хермосо е деветтото засилување за Атлетико Мадрид во овој преоден рок! (ОВДЕ)

– Лестер му поставил ултиматум на Манчестер Јунајтед за Мегваер! (ОВДЕ)

– Тренерот на Лион за Фекир: Знам дека го сакаат повеќе клубови и дека води преговори, најдобро е за сите работата да се заврши што побрзи. Ќе потсетиме, фаворит за неговиот потпис е Бетис клуб со кој наводно Фекир постигнал договор.

– Ајакс со фантастично видео го испрати Де Лихт: Златно чао за капитенот. (ВИДЕО)

– Перез нема да преговара и постави цена за Хамес Родригез – 50 милиони евра! Ако Атлетико навистина сака тој да биде нивното десетто засилување ова лето ќе мора да ја плати таа сума.

– Баерн би можел да ја активира откупната клазула за Брајс Мендес од Селта, таа изнесува 25 милиони евра (ОВДЕ)

– Ако Сане сака да си замине, слободно може да оди – потврди Гвардиола! (ОВДЕ)

Едисон Кавани е нова опција за Интер! (ОВДЕ)

Матија Перин пристигна во Лисабон каде што ќе стави потпис на договор со Бенфика, ова се очекуваше откако Буфон се врати во Јувентус.

– Покетино верува дека Ериксен ќе остане во неговиот тим и наредната сезона. (ОВДЕ)

– БОМБА: Барселона испрати нова понуда за Нејмар, ПСЖ спремен да ја прифати (ОВДЕ).

-Готово: Дани Себаљос го избра Арсенал и во наредните денови ќе се пресели на „Емирати“ (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…