Дома Останати Тенис Свитолина: Или ги победувам Русинките или ќе умрам на теренот против нив!

Свитолина: Или ги победувам Русинките или ќе умрам на теренот против нив!

Откога започна војната во Украина, Елина Свитолина се вбројува меѓу најгласните критичари на влегувањето на руската војска во нејзината земја. На нејзина мета се и колешките од Русија, од кои бара да ја критикуваат политиката на нивната Влада. Колку и мотив ѝ дава тоа се гледа и од фактот дека од 2022, кога почна војната, таа нема изгубено од Русинки, а играше девет пати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега во Мелбурн го објасни својот став кон тенисерките од најголемата земја во светот:

„Ако не победам, речиси умирам на теренот“, изјави таа по победата против Вероника Кудерметова со 6:4, 6:1. „Едноставно против нив чувствувам поинаков мотив, поинаку се чувствувам, сета своја енергија ја вложувам во тој меч. Асоцијациите што ги имам за она што се случува во мојата земја, се многу горки и болни за моето срце. Затоа и имам тој екстра мотив. Ниту една Русинка нема лесно да ме победи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП лис…