Дома Фудбал Светло нa крajот oд тyнeлот: Фати доби понуда која може да ја спаси неговата кариера

Светло нa крajот oд тyнeлот: Фати доби понуда која може да ја спаси неговата кариера

Ансу Фати е еден од првите играчи на кои тренерот Ханси Фати им покажа дека можат да ја напуштат Барселона бидејќи не смета повеќе на него, но изгледа дека нема да му биде тешко да најде нов клуб затоа што веќе се шпекулира за кого младиот Шпанец би можел да потпише.

Фати минатата сезона играше во Брајтон како позајмен, но по враќањето во Барселона германскиот тренер одлучи да го задржи во тимот имајќи предвид дека покажа добри настапи на подготвителните натпревари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Oколу неколку месеци наназад беше јасно дека за Фати повеќе нема место во каталонскиот клуб, а тоа неодамна му го потврди и Флик кој му советуваше на шпанскиот играч дека е најдобро да бара нов клуб каде што ќе има можност за игра.

Фати го посакуваат неколку клубови од Шпанија, а најмногу се истакнуваат Севилја, Бетис и Реал Сосиедад. Сепак, не е исклучено тој повторно да оди од Пиринеите бидејќи еден клуб изрази голем интерес и дури има подготвена понуда за него.

Станува збор за Монако, кој сака да го доведе овој 22-годишен играч што е можно поскоро. Клубот од Лига 1 е подготвен да плати на Барселона меѓу пет и десет милиони евра, а Каталонците немаат ништо против веднаш да го договoрат трансферот.

Фото: Приoцкрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …