Дома Фудбал Суперкомпјутерот пресмета кои се фаворити во осминафиналето од Лигата на шампионите и кој ќе стигне до крајот

Суперкомпјутерот пресмета кои се фаворити во осминафиналето од Лигата на шампионите и кој ќе стигне до крајот

Пред осминафиналето на Лигата на шампионите, „Опта“ суперкомпјутерот предвидува дека Арсенал е главен фаворит за освојување на најелитното клубско натпреварување. Суперкомпјутерот им дава на Топчиите 26,7 проценти шанса да ја освојат Лигата на шампионите, што е значително поголем процент од останатата конкуренција. На пример, Баерн е на второ место со 16,4, а Ливерпул трет со 11,4 проценти шанса.

Тимот на Микел Артета влезе во нокаут-фазата на натпреварувањето со беспрекорен учинок во лигашкиот дел, забележа сите 8 победи и се наоѓа во полесен дел од ждребот. Топчиите, на пример, го избегнаа Реал Мадрид и Манчестер Сити сè до можниот финал. Освен тоа, Арсенал е моментално водечка екипа во англиската Премиерлига, најсилната лига во Европа и светот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Еве како суперкомпјутерот ги рангира главните кандидати пред првата рунда на нокаут-фазата:

1. Арсенал 26,7 %
Единствениот тим со сите победи во лигашкиот дел.
2. Баерн Минхен 16,4 %
Доминантна форма; финалето се игра на неговиот стадион.
3. Ливерпул 11,4 %
Силен реноме, и покрај нешто потешкиот ждреб.
4. Манчестер Сити 11,1 %
Пад на процентот поради тежок судир со Реал Мадрид веќе во осминафиналето.
5. Барселона 7,7 %
Предводени од млади таленти, Каталонците се главниот шпански адут.
6. Челси 6,8 %
Светски клупски првак под водството на италијанскиот стратег Енцо Мареска.
7. ПСЖ 4,6 %
Актуелните прваци на Европа имаат многу тежок пат до одбрана на титулата.
8. Реал Мадрид 2,8 %
Ниска веројатност поради послаба форма и тежок ждреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино најави проширување на клупското СП и Светско првенство

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино најави дека претстојното Светско првенство ќе биде на…