Дома Фудбал Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше натпреварот Милан – Црвена звезда (2:1) во шестото коло од Лигата на шампионите.

Него и судиите од ВАР просторијата го критикуваат дека не интервенирале пред победничкиот гол на Милан на три минути пред крајот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Видеата сведочат дека му претходеле два прекршоци врз играчи на Звезда. Но, првиот пат Манзано, а вториот пат главниот судија и неговиот ВАР не сметаа дека Милан користел недозволени средства.

Судискиот аналитичар Дејан Недиќ жестоко реагираше на српската државна телевизија РТС: „Не она што го направи судијата, туку она што не го направи? Грубост, срам, срам… Го носев амблемот на ФИФА и се срамам што го носат вакви луѓе. Овој човек постојано прави инциденти.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали ФИФА направила скандалозна измама? Продавала најскапи билети, а навивачи добиле поевтини!

Навивачите кои вложиле пари за билети за Светското првенство го ангажирале The Athletic, ч…