Дома Фудбал Судијата кој го навредуваше Ливерпул и користеше бела прашкаста материја забележан на нова работа

Судијата кој го навредуваше Ливерпул и користеше бела прашкаста материја забележан на нова работа

КРАЈОТ на минатата година Премиер лигата беше потресена од скандал кога во јавноста излегоа видеозаписи на кои судијата Дејвид Кут го навредуваше Ливерпул и неговиот поранешен тренер Јирген Клоп, како и снимки на кои Кут користи бела прашкаста материја. Судијската организација поради тоа го раскина договорот со него, а УЕФА го суспендираше до јуни 2026 година.

Суспендираниот судија работи како доставувач

Сега на социјалните мрежи кружи фотографија која го прикажува со што се занимава Кут во моментов. Суспендираниот судија работи како доставувач за една курирска служба, а го препозна и го фотографираше човекот на кого му достави пакет. Откако фотографијата се појави, Кут за „Сан“ изјави:

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


“Само се обидувам чесно да заработам пари. Сакам да продолжам понатаму со мојот живот и повторно да бидам одговорна личност. Оваа работа ме одржува зафатен, не станува збор за некоја нова, долгорочна кариера. Работам што сакам и сум фокусиран на важните работи во животот, како семејството и пријателите.”

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…