Дома Фудбал Суарез и Меси формираа фудбалски клуб, тренер ќе биде уште една позната легенда

Суарез и Меси формираа фудбалски клуб, тренер ќе биде уште една позната легенда

Најдобрите пријатели Луис Суарез (38) и Лионел Меси (37) веќе почнуваат да размислуваат за тоа што ќе прават откако ќе се пензионираат од фудбал, па затоа заедно основаа нов клуб во Уругвај.

Двојката која сега игра за американскиот Интер Мајами основа клуб по име Депортиво ЛСМ, креиран според нивните иницијали.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Клубот е лоциран во предградието на Монтевидео, каде што Суарез уште во 2018 година направи фудбалски комплекс, во кој главниот стадион има капацитет од 1.400 седишта.

Депортиво ЛСМ ќе се натпреварува во четвртата лига на уругвајскиот фудбал, а Суарез и Меси решија да го назначат уругвајската легенда Алваро Рекоба како тренер на тимот.

49-годишниот Рекоба има само едно тренерско искуство во кариерата, кога во сезоната 2023/2024 беше на чело на тимот на уругвајскиот Насионал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…