Дома Фудбал Стигна ова лето за 27 милиони фунти, а веќе сака да си замине од Манчестер сити!

Стигна ова лето за 27 милиони фунти, а веќе сака да си замине од Манчестер сити!

Двајца голмани на Манчестер сити сакаат да го напуштат клубот. Веќе во јануари.

Причината е недостатокот на минути, очекувале дека ќе добијат шанса, но јасно е дека Донарума е тој што е прв избор оваа сезона и дека Џејмс Трафорд и Стефан Ортега немаат шанси за настап.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трафорд пристигна ова лето од Барнли, платен е 27 милиони фунти, и токму поради тоа очекуваше дека ќе има простор, сака и на Светско првенство и доколку продолжи да биде на клупата, тешко дека можеме да го очекуваме таму.

Ортега исто така е незадоволен, тој го изгуби и статусот на втор голман.

Нормално, Манчестер сити нема да ги „пушти“ во јануари двајцата голмани, освен во случај на доведување на нов, но јасно е дека никој нема да биде изненаден доколку барем еден од споменатите двајца го напушти „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски испрати емотивна порака до соиграчите: Ми се кине срцето што не сум таму!

Вечерва фудбалерите ги очекува натпреварот против Данска во полуфиналниот бараж за Светско…