
Стадионот на Атлетико Мадрид „Метрополитано“ ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2027 година. Одлуката на УЕФА беше официјално објавена денес. Натпреварот треба да се одржи во сабота, 5 јуни, 2027 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Објектот во шпанската престолнина по втор пат ќе го прими финалето во најпрестижниот клупски турнир. „Метрополитано“ беше домаќин и на битката за трофејот во 2019 година, кога Ливерпул триумфираше по победата над Тотенхем.
Мадрид по шести пат ќе биде домаќин на финалето во турнирот, а само во Лондон се одржани повеќе. „Сантијаго Бернабеу“ ги прими финалите во 1957, 1969, 1980 и 2010 година.